Ни старо, ни младо не е поштедено од уличните кучиња низ Скопје - Рекордни пријави до полицијата

Секојдневно во полицискиот билтен по неколку пријави за напади од бездомни кучиња низ Скопје. Никој не поштеден, кучињата скитници напаѓаат деца, но и повозрасни жители. 

Вчера четири лица пријавиле напади, меѓу нив и малолетничка, а дополнително од полицијата во билтенот известија за уште три случаи. 

- На 09.01.2025 во 16.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.В.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 09.01.2025 во 21.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.Л.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Михаил Чаков“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 09.01.2025 во 16.20 часот во Полициската станица Чаир, Б.Ј.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„30“ во населба Радишани во Скопје бил каснат од куче скитник.