Ни продаваат воздух, а ние упорно го купуваме (фото)

Ни пордаваат воздух наместо, чипс, пуканки, смоки...Мега пакувањата се новиот тренд кој трговците вешто го користат за да профитираат. На овој начин ни даваат лажна слика за количината на производот кој е спакуван во кутија или кеса.

Секојдневно некој од нас се сретнува со напумпани кеси од чипс, пуканки која е три пати поголема од количината која што ја содржи. Истата рабтоа може и да се забележи со чоколадните бонбони и колачиња спакувани во големи кутии, а вантре има само 5 чоколадца.

Иако правилниците за декларација се испочитувани и нето грамажата е правилно наведена, преголемото пакување асоцира на поголема количина по ниска цена. Тоа купувачите како магнет ги привлекува при пакувањето асоцира на изборот на овие артикли, што според европските стандарди се третира како нечесна бизнис пракса,

Децата се најчести жртви на овој вид измама, мислејќи дека во пакувањето има повеќе од проидводот, па би требало на време да се обучат, бидејќи тие се наши идни купувачи“.

Потрошувачките здруженија во регионот отишле чекор понатаму, па објавиле списоци на производи кои можат да ги доведат купувачите во заблуда, односно чии пакувања, кеси и кутии, се драстично поголеми од содржините во нив. На овој начин практично ги предупредуваат купувачите посебно да посветат внимание кога купуваат житарици, чипс, ориз, бомбониери,кекси, таблети за машинско перење садови, но и детергент за облека, и храна за мачки.

Изненадувачки е дека за ова не се размислува сериозно бидејќи „продавањето на воздухот“ е едно во низата со кои се мамат потрошувачите. Веќе стана навика намалувањето на грамажата, а задржувањето на истата амбалажа, па често се случува купувачите и да не знаат дека чоколадата одамна не тежи сто грама, а се променија и пакувањата на замрзнато овошје, млечни производи.