Нептун е осмата и најдалечна планета во нашиот соларен систем, која управува со нашиот дух, личен развој, внатрешен свет, ја поттикнува нашата фантазија и сонување. Меѓутоа, кога тој навлегува во своето ретроградно движење, се чини како ги превртува сите нешта наопаку.  

Тој носи свртување кон реалноста, поврзано со внатрешната состојба, но и анализа на себеси. Ваквиот процес на анализа и самосогледување може да биде болен за многу луѓе и да ги соочи со работи кои претходно ги потиснувале. Таквите нешта сега се враќаат како бумеранг.

Не ја занемарувајте ни интуицијата, која ќе ви помогне да донесете тешки, но правилни одлуки.

Промените кои ретроградното движење на Нептун ќе ги донесе во вашиот живот ќе бидат бурни, но и ќе ви помогнат да бидете пореални и да заборавите на некои илузии. Со самото тоа, ќе живеете во моментот и ќе се бидете многу реални.

Едноставно, Нептун ќе ви помогне да ги согледате точно сите работи во вашиот живот, без оглед на тоа дали станува збор за финансиите, финансиите или пак кариерата.