Ни доаѓа лунарната еклипса која носи промени за сите нас

На 26 мај ни пристигнува Супермесечината и целосното помрачување.

Таа е првата супермесечина по јануаири 2019 година.

Супермесечините се ретки, но уште поретко се случува комбинацијата на супермесечина и целосна лунарна еклипса односно помрачување. Затоа и оваа полна месечина е позната како крвава месечина. Тоа ќе го забележите и по нејзината црвенкаста боја, особено на ноќта на 26 мај.

Според астрологот Роуз Смит, оваа месечина го вади на површина најлошото од нас  затоа треба да бидеме внимателни, но и да очекуваме луѓето да се однесуваат почудно од вообичаено. Таа додава дека оваа месечина прави тензија меѓу луѓето, но и ни помага да се ослободиме од емоциите штом ќе и дојде крајот.

Особено моќна ќе биде за Стрелците бидејќи се случува во нивниот знак, но ќе бидат погодени и огнените знаци кои ќе се ослободат од токсични ситуации и врски и ќе успеат конечно да здивнат. Многу врски ќе бидат завршени, особено оние кои не се поставени на цврсти темели и во кои не постои љубов. 

Оваа месечина ќе нè принуди да погледнеме на своите лични патувања и да направиме чекор кон поголема лична слобода. Можно е да ве наврати на некои ситуации и планови од 14 декември кога се случуваше младата Месечина во Стрелец. Ако вистински сте посакале нешто, можно е тоа да се оствари сега.

Со оглед на тоа дека Сонцето е во Близнаци, добрата страна е дека што и да чувствуваме ќе посакаме тоа да го искомуницираме со другите луѓе? Ќе се носиме со енергијата со љубопитност и емпатија и ќе се трудиме да сфатиме дека секој од нас е различен на свој начин и покрај тензијата која ќе ја чувствуваме.

Сите знаци треба да поминат повеќе време рефлектирајќи за своите животи, а медитацијата и јогата можат да бидат многу корисни овој период. Ако не ви годи тоа, одете на прошетка сами, лежете во када и едноставно минувајте време сами, одморајќи се од другите.

Ова е вистинско време да се ослободите од она што не ви носи ништо добро, а до кое долго сте се држеле по секоја цена.