Незнаењето им е огромна дупка, црна како детскиот гроб што ќе се ископа за малата Јана

Новинарката Соња Христовска Угриновска со свој коментар за трагедијата која ја потресе целата земја, и повторно го покрена прашањето за нашиот здравствен систем и неговите капацитети. 

Еве што напиша таа по смртта на 6-годишното девојче од битолско кое почина во битолската болница додека примало инфузија: 

-Инфузијата им е како добро утро.

А "два дена родителите го лечеле сами дома" им е како добар ден.

Ама незнаењето им е огромна дупка, црна како детскиот гроб што ќе се ископа утре.

Јас со едно пребарување научив дека повраќање, малаксаност, болки во нозете, се акутна компликација од дијабет кај деца. Ама државен педијатар не знае. Зошто не се посомневала дека детето можеби има неоткриен дијабет? Какво е тоа лекарско знаење кое на сугестијата на мајката дека вредноста 9 на шеќерот во крвта на девојчето дава одговор дека тоа е од повраќањето? И дава гликоза. И шестодишно, умира.

ЈАТРОГЕНИЈА. Ужас.

Сочуство до семејството на малата Јана.

И одговорност за стореното и нестореното.