Невремето продолжува: УХМР објави каде заврна најмногу дожд

Управата за хидро метеоролошки работи на Македонија предупредува дека со вчерашното невреме не завршува опасноста од нови елементарни непогоди.

Според УХРМ анализата на временските услови во поширокиот регион покажува дека утре на делови од територијата на Македонија може да се случи ново силно невреме и затоа од таму сугерираат граѓаните да се подготват соодветно.

До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4 и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР.

Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа од 11 40 до 12 05 часот, а за тоа време паднале 11 литри на квадратен метар.

Во пладневните часови преку северните делови од земјата започна да преминува бран од врнежи проследени со грмежи и повремено пороен дожд.

Под влијание на оваа влажна и нестабилна воздушна маса најмногу беа зафатени северозападните делови од земјава, а потоа и регионот на Скопско.

Нестабилното време се префрли од западните делови од Скопската котлина преку централното градско подрачје понатаму кон исток, а имаше појави на пороен дожд, грмежи и засилен ветер чија брзина повремено надминува 80 км/час.

Нестабилноста во моментов е на североистокот од земјата и врнежите и грмежите во следните часови ќе се преместува кон исток, а можно е таму и дa се прошират.

Во Скопскиот регион и натаму има услови за појава на повремен поинтензивен дожд и ретки грмежи и тоа претежно преку денот и во вечерните часови.

Денес нестабилноста ќе е со помал интензитет и претежно во планинските региони.