Невремето направи штета во Гази Баба - поплавени дворовите и земјоделски површини

Состојбата на терен по невремето е сложена и постојано се следи. Во некои населени места во Бази Баба невремето направи штета, со поплавување на дворовите од куќите и земјоделски површини.

Во текот на денот општината заедно со градот Скопје и јавните претпријатија на терен ја средуваа состојбата.

Обиколницата како и локалните патиштата се проодни, а каналскиот систем е во постојано набљудување.

Дополнително во текот на ноќта екипите на терен ја следеа и санираа состојбата.