Невремe во Скопје, за вечерва се најавува уште поинтензивно

Темни облаци над Скопје донесоа дожд и грмотевици. Невремето веќе започна, а за попладне се најавува уште поинтензивно.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град. Температурата ќе се движи од 19 до 28 степени. Во Скопје температурата ќе се движи до 27 степен.