
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре претпладне најавува сончево време со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови локално се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер.
Оттаму додаваат дека наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје исто така од УХМР најавуваат претпладне сончево време, со појава на нестабилност во попладневните часови. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Воедно, споделија и метео аларм со карта која покажува кои региони од државата утре ќе бидат зафатени со нестабилност.

Временската прогноза за оваа недела може да ја погледнете ТУКА.