Невреме попладнево зафати делови од Скопје.
Од „Паркови и зеленило“ со апел.
- По најавата од УХМР за нестабилно време, проследено со повремен дожд и грмежи, а во делови од котлината со услови за краткотрајно невреме ги информираме граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици, додаваат од претпријатието.
- Доколку забележите паднато дрво ве молиме да пријавите во ЦУК на телефон 112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на претпријатието, додаваат надлежните.