Невреме беснее во Скопје

До четврток продолжува периодот на нестабилно време, соопшти УХМР.

Во попладневните и вечерните часови ќе има пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен дожд, силен ветер и појава на град. 

Невремето веќе започна во Скопје. Силне ветер, дожд и грмотевици се сликата во главниот град.