Невообичаени места за љубовни допири

Следниот пат кога ќе имате секс, обидете се да го допрете својот љубовник на следниве точки на телото.

Местата на кои луѓето најмногу сакаат да бидат допирани за време на сексуалната игра вообичаено се оние во кои има најголем број нервни завршетоци. Дел од нив се прилично очигледни – усните, гениталиите итн., но другите не се толку очигледни. Следниот пат кога ќе имате секс, обидете се да го допрете својот љубовник на следниве точки на телото.

Ушите

Обидете се со нежно дување над увото или пак нежно грицкање следниот пат кога страстно ќе се бакнувате. Тоа сигурно ќе ја разгори возбудата.

Клучната коска

Ова е исклучително деликатен дел од телото и бакнувањето на љубовникот токму на тоа место, сигурно ќе го одведе до едно друго ниво на возбуда и задоволство.

Коската на колкот

Ова е централната точка за сите движења за време на сексот. Секаква стимулација на таа точка ќе има верижен ефект на нештата што се случуваат и нивниот ритам. Обидете се со цврсто зграбување на колковите, па дури и малку касање, доколку главата ви се наоѓа во близина.

Внатрешноста на бутовите

Ова е одлично место за задевање на љубовникот, пред да се предадете на копулацијата. Внатрешноста на бутовите може да биде особено чувствителна ако партнерот седи со раздвоени нозе. Чувството на ранливост обично ги засилува сетилата.

Задниот дел од колената

Ова е една од најчесто запоставувани чувствителни точки. Не заборавајте да посветите малку внимание на задниот дел од колената кога го истражувате телото на партнерот или кога нозете ќе ви се доближат до лицето.