
20-годишна жена пријавила во полиција дека непознат маж ја набљудувал додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 16 јули околу 14:30 часот, а бил пријавен истиот ден во 17:30 часот во СВР Скопје.
Како што навела пријавителката, додека се пресоблекувала во гардеробата, забележала човек качен на скала, кој ја гледал.
Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.