Неверојатно високи температури за Велигден - потоа драстична промена

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб претежно источен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени. 

Краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне, а потоа и на крајот на работната недела ќе има ново поголемо наоблачување со услови за пороен дожд со ретки грмежи. Следи драстичен пад на температурите.