Неверојатни психолошки факти за луѓето кои никогаш не сте ги знаеле!

Секогаш е возбудливо кога човек учи нешто за себеси. Разбирањето на психологијата и тоа зошто се однесуваме онака како што се однесуваме, како ги третираме другите луѓе и се изразуваме себеси може да биде уште поинтересно и корисно.

Денес за вас составивме една листа од најизненадувачки психолошки факти кои ќе ви помогнат подобро да се разберете и себеси и другите.

1. Секое пријателство кое се оформило во периодот од 16 до 28 години најверојатно ќе биде поцврсто и подолговечно.

2. Жените најчесто сакаат мажи со подлабок и порапав глас затоа што делуваат посамоуверено и неагресивно.

3. Луѓето кои ги даваат најдобрите совети најчесто се оние со најголеми проблеми.

4. Колку е попаметна личноста и колку побрзо мисли, толку полош ќе и биде ракописот.

5. Нашите чувства не влијаат на начинот на кој комуницираме. Во суштина, сосема е обратно: Начинот на којшто комуницираме влијае на нашето расположение.

6. Начинот на кој човек се однесува кон персоналот во ресторанот кажува многу за неговиот карактер.

7. Луѓето кои имаат развиено силна грижа на совест подобро ги разбираат туѓите мисли и чувства.

8. Мажите не се посмешни од жените – тие само кажуваат повеќе шеги и не се грижат дали на другите ќе им се допаднат.

9. Срамежливите луѓе не зборуваат многу за себеси, но тие го прават тоа на начин на кој другите луѓе имаат чувство дека добро ги познаваат.

10. Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка во нивните тела, но нивниот праг на толеранција на болка е многу повисок од оној на мажите.

11. Слушањето на гласна музика ве прави посмирени, порелаксирани и посреќни.

12. Ако не можете да ги сопрете вашите мисли навечер, тогаш станете и запишете ги на хартија. Ова ќе ви го смири умот и полесно ќе заспиете.

13. Пораките за добро утро и добра ноќ го активираат делот од мозокот кој е одговорен за среќа.

14. Правењето работи кои ве плашат ве прави посреќни.

15. Просечното време на чување тајна кај жените е 47 часа и 15 минути.

16. Луѓето кои се обидуваат да ги усреќат сите се чувствуваат најосамено.

17. Колку сме посреќни, толку помалку ни е потребно спиење.

18. Кога ја држите раката на сакана личност, помалку чувствувате болка и се грижите помалку.

19. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од вообичаено. Колку е човек попаметен, толку е попребирлив.

20. Жените кои имаат повеќе машки пријатели најчесто имаат подобро расположение.

21. Да бидете предолго време сами со себе (изолирани од светот) е лошо за здравјето. Исто како да сте испуштиле 15 цигари.

22. Патувањето го подобрува здравјето на мзокот и го намалува и ризикот од срцев удар и депресија.

23. Луѓето се попривечни кога зборуваат за нешто за коешто навистина се заинтересирани.

24. Кога двајца луѓе рзговараат еден со друг и едниот од нив ги разделува своите стапала или постојано ја движи едната нога во друга насока, тоа е силен знак за несогласување и знак дека сака да си замине.