Неверојатен тест за личноста: Како изгледате во очите на другите?

Некои ве сакаат и сакаат да бидат како вас, но некои не ви веруваат и не сакаат да бидат во ваша околина. Зошто е тоа така? Што е она што другите го гледаат во вас, а не сакаат да ви го кажат? Овој тест ќе ви го даде одговорот на тоа прашање.

Додека го одговарате овој тест, напишете ги своите одговори на лист, за подоцна да можете да ги соберете поените.

  1. Во кој дел од денот се чувствувате најдобро?
    а) Наутро (2 бода)
    б) Попладне (4 бода)
    в) Навечер( 6 бодови)
  2. Како одите?
    а) Брзо, со долги чекори (6 бодови)
    б) Релативно брзо, со ситни чекори (4 бодови)
    в) Средно темпо, со исправена глава, гледајќи пред себе (7 бодови)
    г) Многу бавно (1 бод)
  3. Какво е вашето држење додека зборувате со другите?
    а) Рацете ви се прекрстени (4 бодови)
    б) Дланките ви се склопени (2 бода)
    в) Едната или двете раце ви се потпрени на колковите (5 бодови)
    г) Ја допирате или поттурнувате личноста со која зборувате (7 бодови)
    д) Си играте со увото, ја допирате брадата или ја виткате косата (6 бодови)
  4. Како седите додека се релаксирате?
    а) Со свиткани колена, нозете опушени една до друга (4 бодови)
    б) Со прекрстени нозе (6 бодови)
    в) Сосема исправени нозе (2 бодови)
    г) Седите со едната нога свиткана под вас (1 бод)
  5. Како реагирате кога нешто навистина ви е смешно?
    а) Гласно се смеете (6 бодови)
    б) Со насмевка, ама не гласна (4 бодови)
    в) Тивка насмевка (3 бода)
    г) Срамежлива насмевка (2 бода)
  6. Како се однесувате на друштвени собири?
    а) Гласни сте кога ќе пристигнете, за сите да ве забележат (6 бодови)
    б) Доаѓате незабележиво и барате познати луѓе (4 бодови)
    в) Потполно сте незабележливи и се криете од сите (2 бода)
  7. Како се однесувате кога некој ќе ве прекине додека сте задлабочени во нешто?
    а) Среќни сте што ве прекинуваат (6 бодови)
    б) Нервозни сте и лути (2 бода)
    в) Комбинација од двете (4 бодови)
  8. Која е вашата омилена боја?
    а) Црвена или портокалова (6 бодови)
    б) Црна (7 бодови)
    в) Жолта или светло-сина (5 бодови)
    г) Зелена (4 бодови)
    д) Темно-сина или виолетова (3 бодови)
    ѓ) Бела (2 бода)
    е) Кафена или сива (1 бод)
  9. Во која позиција заспивате?
    а) На грб (7 бодови)
    б) На стомак (6 бодови)
    в) На страна (4 бодови)
    г) Главата ви е потпрена на една рака (2 бода)
    д) Главата ви е под јорганот (1 бод)
  10. Што најчесто сонувате?
    а) Како паѓате (4 бодови)
    б) Се тепате или се борите (2 бода)
    в) Барате нешто или некого (3 бодови)
    г) Летате или лебдите (5 бодови)
    д) Најчесто не сонувате или не помните што сонувате (6 бодови)
    ѓ) Соновите ви се секогаш пријатни (1 бод)

Сега соберете ги бодовите и дознајте како другите ве гледаат, а не ви кажуваат. Откако ќе ги соберете бодовите, прочитајте ги резултатите.

Доминантна личност – над 60 бодови

Другите ве гледаат како личност со која треба внимателно да се постапува, како некој кој е малку арогантен, егоцентричен и прилично доминантен. Некои ви се воодушевуваат и сакаат да бидат како вас, но не ви веруваат и се плашат да имаат посериозен однос со вас.

Темпераментна личност – помеѓу 51 и 60 бодови

Луѓето ве гледаат како возбудлива личност со експлозивен темперамент, импулсивна личност, природен лидер кој брзо носи одлуки, иако не секогаш правилни одлуки. Ве сметаат за храбра, авантуристички настроена личност, која секогаш ќе се осмели да пробува нови работи. Луѓето уживаат во вашето друштво поради енергијата која ја зрачите.

Практична личност – помеѓу 41 и 50 бодови

Луѓето ве гледаат како директна, жива, шармантна, забавна и практична личност која е интересна и која секогаш е во центарот на вниманието. Но, исто така мислат дека сте доволно приземни и дека не ви удира тоа во глава. Луѓето мислат дека сте љубезна личност која е полна со разбирање и која секогаш ги развеселува и им помага на луѓето.

Лојална личност – помеѓу 31 и 40 бодови

Околината ве гледа како разумна, внимателна и грижлива личност. Луѓето мислат дека сте паметни, талентирани, но и скромни. Вие не сте личност која премногу бргу склопува пријателства, но вие сте неверојатно лојални пријатели и за возврат го очекувате истото. Оние кои навистина ве знаат, сфаќаат дека потребно многу за нешто да ја разниша вашата доверба во пријателството, но и дека тешко заборавате откако ќе се случи тоа.

Внимателна личност, помеѓу 21 и 30 бодови

Пријателите ве сметаат за свесна и педантна личност. Ве гледаат како некој кој е внимателен, грижлив, како некој кој работи полека, но сигурно. Сите би се изненадиле кога вие би изреагирале импулсивно, бидејќи од вас очекуваат дека прво детално ќе ги изанализирате работите, а дури потоа ќе се донесете одлука.

Неодлучна личност, помалку од 21 бод

Луѓето ве сметаат за срамежлива, нервозна, неодлична личност, за која секогаш мора некој друг да се грижи и која секогаш сака некој друг да ја донесе одлуката наместо неа и која не сака да се меша во ништо. Тие мислат дека вие вечно сте вознемирени и постојано наоѓате непостоечки проблеми. Некои луѓе мислат дека сте досадни. Само оние кои навистина ве знаат, знаат дека не сте.