Несудената „Рајска градина“ атрактивна локација за дружење на Скопјани

Несудената „Рајска градина“, грандиозниот проект за мега-парк во скопската Општина Аеродром, иако не реализирана, сепак атрактивна локација за дружење на Скопјани. 

Како што беше објавено, ЕЛЕМ требаше да го реализира проектот за изградба на уште еден голем парк во Скопје, но реши да го поништи тендерот. На местото каде требаше да никне паркот од 15 хектари, денес се останати само остатоци од градежните работи кои штотуку беа започнати. Сепак на местот останаа неколку летниковци и широки тревници, песочни патеки и десетина клупи, идеални за прошетки и уживање на есенското сонце. Преку ден, жителите од околните населби, особено најмладите уживаат да си играат на широките пространства. 

Навечер пак, младите се собираат во паркот за да се забавуваат. Таквата ситуација не би била загрижувачка, ако се земе в предивд фактот дека паркот е доволно оддалечен од околните куќи и згради. Но, локалните жители велат дека младите се однесуваат несовесно, некогаш дури и со автомобили се паркираат врз зелените површини. Тие ги користат летниковците и клупите, но не внимаваат на хигиената. Состојбата на урбаната опрема е во солидна состојба, онака како што е првично поставена, но сликата ја нагрдува отпадот кој го има во изобилство. 

Од Општина Аеродром велат дека локалните власти сеуште немаат стратегија за намената на просторот од 15 хектари, сместен веднаш до Куќата на фудбалот на ФФМ во Ново Лисиче.