Несреќа во Маџари: Девојче итно пренесено во Ургентен по струен удар од вагон

Во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка Станица – Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17-годишна малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи за телевизија Сител.

На лице место излегле полициски службеници, Противпожарна бригада и Итна медицинска помош.

Малолетничката била пренесена во Ургентниот хируршки центар Скопје, каде ѝ била укажана лекарска помош.