Малолетник кој управувал „ауди“ се заби во бетонска ограда во кумановско. Тешко е повреден.
- На 25.02.2025 околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон село Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.