Несреќа во двор во Студеничани: 35-годишник загина од струен удар

Несреќа се случила вчера во двор од семејна куќа во скопско Студеничани. Маж смртно настрадал од струен удар. 

 - На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с.Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар. Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.