
Млад возач излетал од пат со возило и удрил во работник на плац. Повредени се возачот, совозачот и работникот.
Како што информираа од МВР, вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.И.(19) од село Слатино, констатирани во болницата во Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.