Несреќа на „Орце Николов“: Возач удрил во скопјанец и побегнал од местото

Возач удрил во скопјанец и побегнал од местото на несреќата. 

На 19.05.2022 во 22.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица „Орце Николов“, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје.

Увид бил извршен.