Несреќа на битолска крстосница: Тешко повреден пешак

Вчера во 19:48 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Прилепска“, „15 Мај“ и „Цветан Димов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа.

Патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (68) од Битола, удрило во 50-годишниот пешак Ж.С. од с. Долна Чарлија, општина Могила.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.