Несреќа на автопатот Св.Николе – Скопје: Возач починал откако бил притиснат од автомобил

На автопатот Св.Николе – Скопје, синоќа околу 01:30 часот пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото.

-Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.