
Кавадарчанец со мотоцикл се судрил со возило управано од повозрасен возач при што се здобил со повреди.
- На 28.09.2025 во 13:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат Кавадарци-Росоман, на делницата кон с.Манастирец, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ќ.М.(74) од Кавадарци и мотоцикл „хамачи“, управуван од Б.П.(39) од село Ваташа, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци, информираа до полицијата за несреќата.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.