Несреќа кај „црната точка" во Аеродром: Момче излета кај Железничка

Нова сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром. Моторциклист излета од коловозот на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“ кај Железничката станица, но, за среќа, барем според првичните информации, е  надвор од животна опасност, пренесе Независен.

Жителите на Аеродром велат дека станува збор за црна сообраќајна точка, пред се затоа што се исклучени светилките на фонтаните.