Несреќа е кога ниту еден ден не го живееш онака како што сакаш...

Многумина сметаат дека несреќа е ако имааш 40 години, а живееш со мајка ти, или ако имаш 45 години и си сам, без семејство и деца, опкружен со мачки. 

Но, несреќата е нешто друго. 

Сакате да ви кажам што е вистинска несреќа?

Тоа е кога ниту еден единствен ден не го живееш онака како што сакаш.
Тоа е кога ја работиш најпрестижната работа, но ја мразиш од дно на душа.
Тоа е кога ќе се венчаш за најпаметниот, најперспективниот и најубавиот, но воопшто не го сакаш.
Тоа е кога секојдневно броиш калории, кога сакаш да имаш туѓо тело.
Тоа е кога цел живот мечтаеш да напишеш роман, но премногу се плашиш да продолжиш со започнатото или барем да дојдеш до второто поглавје.
Тоа е сексот без страст, туку од чувството на должност.
Тоа е кога живееш со некој кој те сака, разбира и се грижи за тебе, а ти мечтаеш за соседот.
Тоа е кога на детето му се игра, а ти само сакаш сите да те остават на мир.
Тоа е кога мечтаеш да доручкуваш кроасан додека разгледуваш списание, а наместо тоа пиеш хемиско инстант кафе и седиш зад воланот.
Тоа е кога секојдневно мечтаеш дека сè ќе се промени, но не преземаш ништо.
Тоа е она што јас го нарекувам несреќа.

Психолог Михаил Лабковски