Несовесни возачи во Скопје: Да вртам ли 15 круга за да најдам паркинг?

И покрај бројните апели и повици до возачите да не паркираат и да не ги узурпираат паркинг местата и пристапните патеки за инвалидизираните лица, очигледно е дека пораките не стигнуваат на вистинска адреса. Деновиве на подземниот паркинг на еден од трговските центри биле узурпирани двете паркинг места за инвалиди, а корисниците на социјалните мрежи ги осудуваат овие несовесни возачи.

- На едната госпоѓа и посочив дека е на место за инвалиди и дека е срамно тоа, а таа ми вика: Е што да вртам 15 круга за да најдам паркинг?, пишува една од корисничките на ФБ.