На раскрсница кај „Рузвелтова“ и „Орце Николов“ секој ден е блокиран тротоарот и пешачкиот премин. На овој проблем се пожалија жителите од овој ден на Скопје.
Како што може да се види од фотографијата споделена во фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ тротоарот е узрупиран од неправилно паркирани возила, па така пешаците немаат каде да поминат. Посебен проблем е за оние кои се движат со детски колички.
Дел од жителите коментираат дека клиентите во кафулињата кои се во непосредна близина на овој пешачки автомобилите ги оставаат среде тротоар додека пијат кафе, а со оглед дека нема соодветен паркинг простор паркирањето е проблем и за самите жители.