НЕШТО НЕОБИЧНО И МАЛКУ ПОЗНАТО: Манастирот "Руса Среда" неоткриено излетничко место

На четири километри од село Драчево, на локалитетот Пеленица се наоѓа еден необичен и не толку познат Манастирски комплекс Преполовение "Руса Среда". Сместен на ридот под Китка, на надморска височина од приближ но 800 метри, овој релативно нов христијански храм, нуди несекојдневно доживување.

За патникотнамерник, кој решил да го посети манастирот за првпат патувањето, иако кратко, ќе претставува вистинско откровение како за верниците, така и за вљубениците на исконската природа. Низ живописниот предел со овоштарници, лозја и плодни полиња се искачува по асфалтиран, но раскопан пат. Комплексот е распослан на површина од околу пет хектари заграден вакавски простор, во кој е сместена црквата изградена во чест на светицата "Руса среда", а од спротива се конаците секогаш отворени за гости.

Манастирскиот комплекс е изграден во 1987 година, врз темелите на стара римска тврдина. Според созанијата, тврдината била изградена со цел да го обезбеди патот кој водел од Скопското Поле кон Китка. Целата висорамнина била опколена со одбранбени ѕидини од кои и денес постојат пронајдени остатоци, камените столбови-"рапунди". Во непосредна близина на црквата се наоѓа археолош ка ископина со откриен мозаик, којшто потврдува дека овој локалитет бил населен пред пове- ќе од два века.

Во 1936 година, на оваа локација, жителите на Драчево изградиле капела посветена на Свети Јерусалим, а Пеленица ја прогласиле за манастир. Интересен запис од 1950 година, вели дека внатре во малата капела, бил пронајден крст на кој пишувало дека на 6.3.1936 година извесен Светозар Ѓорѓевиќ од село Пагаруша го подарил на манастирот Свети Јерусалим.

Манастирот слави два големи христијански празници. На третата недела по Велигден се слави празникот Руса Среда, а на втори август Свети Илија. Она што за новите посетители е интересно се и многубројните можности за прошетка и дружење на прекрасно уредениот простор со тревници, неколкуте видиковци, па дури и простори уредени за подготвување скара. И при нашата посета на манастирот затекнавме едно семејство кое уживаше во природните убавини на Пеленица. На неколку метри од манастирот кон Китка, под едно старо оревово дрво од дамнина постои изворска вода за која се верува дека е света и лековита, а посетителите ја пијат за здравје.