Нешта кои треба да ги знаете за луѓето кои ги поттиснуваат своите чувства...

Тешко е да се биде ранлив во свет во кој сите постојано во осудуваат. Ние пораснавме во свет во кој момчињата не треба да плачат, а девојките се пречувствителни, па така сосема е природно што човек ги поттиснува своите чувства и се затвора во оклоп.

Ова се нештата кои треба да ги знаете за луѓето кои ги поттиснуваат своите чувства и се позатворени:

Чувствуваме дека во секој момент мораме да бидеме храбри

Дури и кога сме најјтажни и имаме потреба да се исплачеме, сепак го чуваме сето тоа затворено во нас се додека не останеме сами.

Не сакаме да бидеме „онаа личност“

Никогаш нема да не видите во незгодна ситуација, ниту пак гласно ќе кажуваме што мислиме. Во нашите очи, овој тип на луѓе преставуваат се што ние сме биле во одреден момент или мислиме дека така луѓето ќе не сметаат за слаби.

Не сакаме да изгледаме како слаби и ранливи. Никогаш.

Ние секогаш се стремиме да бидеме најсилните личности во собата. Сакаме да бидеме природни лидери, алфа луѓе. Луѓе на кои другите се огледуваат.

Имаме МНОГУ чувства

Без оглед на тоа дали се работи за политика или нашите пријатели, ние имаме МНОГУ чувства кои мораме да ги контролираме, особено ако тие чувства не се популарни меѓу другите. Но, знаеме дека ако почнеме да ги покажуваме тие чувства, нема да можеме да прекинеме.

Но, сепак ги почитуваме и разбираме туѓите мислења

Дури и ако комплетно е различно од тоа што ние го мислиме, сепак сфаќаме дека секој има право на свое мислење , без оглед на тоа какво е тоа мислење.

Оние малкумина кои ги знаат нашите чувства, често ни го даваат овој совет...

Тие често велат: „Ќе експлодираш ако не зборуваш за _______ (зависи од темата)“. И иако се во право, ние не чувствуваме дека треба да направиме нешто што ќе ни ја повреди гордоста.

Но, знаеме да имаме и двојни стандарди

Кога пријателите ќе ни побараат совет, секогаш им кажуваме да и кажат на личноста како се чувствуваат и да бидат искрени. Но, тоа не е нешто што ние би го направиле, од страв да не ни биде повредена гордоста и поради тоа што...

Мразиме соочувања и кавги

Повеќе би рекле дека се е супер, отколку да се расправаме. Истото важи и за пријателства и врски, за работите кои можат негативно да влијаат на овие односи. Сакаме да го сочуваме мирот, дури и ако тоа значи дека ќе премолчиме тоа што не боли и ќе врескаме одвнатре.

Но, се што сакаме е другите да бидат среќни

Не сакаме да повредиме никого, особено не со работите кои ги кажуваме. Па затоа и често ја жртвуваме нашата среќа и олеснување за нашите пријатели и семејството

На крајот сепак ќе си кажеме што чувствуваме

Во суштина ние сме темпирана бомба. И ако доволно долго почекаш, ќе видиш. Но, обично сепак се осигуруваме да бидеме на безбедно место пред да си кажеме што ни лежи на душа.

Но, исто така знаеме кога доаѓа моментот кога чашата се прелива

Затоа пазете. Ако станеме малку понервозни од обично, треба да знаете дека ни дошло преку глава. Ќе станеме попасивно-агресивни во текот на денот и ќе мумламе некои нелогични работи за нашите проблеми кои ги чуваме во нас се додека не сфатиме дека кај и да е ќе експлодираме.

Наоѓаме други начини за да се изразиме

Без оглед на тоа дали е преку музика, пишување или цртање, сепак имаме нешто кое на здрав начин ни помага да се ослободиме од сите поттиснати чувства. Одредено хоби ни помага да ја канализираме оваа задушувачка енергија во нешто конструктивно, наместо да се напиеме и да дозволиме чувствата неконтролирано да излезат.

И можеби ова еден ден ќе ни помогне нормално да ги изразиме овие чувства...