Несекојдневна и ретка појава: Јато фламинга на Охридското Езеро

Помало јато фламинга деновиве повторно е забележано во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум.

Слични ситуации беа забележани и пред неколку години, кога фламинга беа фотографирани на Охридското Езеро.

Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави на нивно гнездење во овие краеви. Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, но тоа се ретки појави како и ова нивно присуство на Охридското Езеро. Фламингата населуваат мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни.