Несекојдневна глетка на булевар во Скопје (фото)

Среде булевар во Скопје може да се забележи и ова.

Негрижата за овие кутри животни од страна на нивните сопственици, е често појава низ градот. Тие безмилосно се користат за работа и може да се видат како колабираат на улица од прегладнетост или од жед, но нема надлежен орган во државата кој чувствува одговорност да ја регулира оваа нехумана и често опасна ситуација и за граѓаните.

Фотографијата беше објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам, некои од членовите велат дека коњите се фотографирани на Партизанска, а некои на раскрсницата во Автокоманда.