Неруда: Немојте да обвинувате никого...

Никогаш не се жалете од кој било или што било,
затоа што во суштина сте направиле од својот живот баш она што сте посакале.
Прифатете ги потешкотиите кои се поучни за вас,
а нивната вредност искористете ја за да го поправите својот карактер.
Триумфот на вистинскиот човек произлегува од пепелта на сопствените грешки.

Никогаш не се жалете на вашата самотија или вашата среќа.
Храбро соочете се со неа и прифатете ја.
Тие се последица на вашите дела и обидувања
и доказ дека секогаш добивате.

Не се чувствувајте фрустрирано поради вашите неуспеси
и не се обидувајте да ги пренесувате на другите.
Прифатете се себеси сега и продолжете да се оправдувате како дете.
Запомнете дека секое време е добро за почеток
и дека нема ништо толку страшно за да се откажете.

Учи од храбриот, од силниот, од некој кој не ги прифаќа ситуациите,
од некој кој ќе живее и покрај сѐ.
Размислувај помалку за своите проблеми, а повеќе за своето делување.
Научи како да се издигнеш од својата болка
и да бидеш поголем и од најголемиот проблем.

Погледни се себеси во огледало и ќе бидеш слободен и силен.
И ќе престанеш да бидеш кукла на околностите.
Разбуди се и гледај во сонцето во утринските часови и впивај го сонцето во зората.
Ти сега си дел од силата на својот живот.
Стани, бори се, оди, биди сигурен дека во животот ќе бидеш победник.
Никогаш немој да размислуваш за судбината,
таа е само изговор за неуспех.

Пабло Неруда