Неработни денови и празници, но и зимски „режим“ - Што ни носи октомври?

Втор ден од новиот месец! Што ни носи октомври?

Октомври, носи два неработни дена за сите граѓани. Едниот се паѓа во сабота, другиот неработен ден ќе донесе полу-продолжен викенд. 

Денот на народното востание, 11 октомври, кој се паѓа во сабота ќе биде неработен ден, а следниот се паѓа во четврток што значи дека оние кои ќе успеат ќе можат да го поврзат во продолжен викенд. 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. 

До крајот на годинава неработен ден за сите Македонци ќе биде и 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски”. 

Кон крајот на октомври ќе треба да ги поместиме и стрелките на часовникот. Доаѓа зимското сметање на времето! 

Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час назад – на 2 часот. Она што е посебно за оваа година е што менувањето на часовникот се случува порано отколку во претходните години.