Неработен четврток - Какво време ќе имаме за Први мај?

Веќе следната работна недела има еден неработен ден. Први мај - Ден на трудот ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија. Овој датум се паѓа во четврток, така што некои ќе успеат да го спојат во викендот.  

Какво време ќе имаме за празничниот ден?

За 1-ви мај ќе имаме многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а ќе биде  и потопло со повисоки температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, но ќе биде ветровито и покрај тоа што ќе биде топло, односно, ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Сепак, во попладневните часови можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, но ова и не би било нешто сериозно, што значи може да си го планирате празникот за на отворен простор  и за правење скара на отворено.

Инаку, температурите за 1-ви мај ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.