Доктор Ненад Лазаров со предупредување да не се користат непроверени додатоци во исхраната, но и апел надлежните да ги засилат контролите бидејќи нашиот пазар е преплавен со понуди за „100% сигурени, клинички докажани, ефикасени“ препарати.
-Апелирам и крајно време е да се регулира пазарот на т.н. ОТЦ препарати (лекови без рецепт) и илјадници препарати кои се продаваат и рекламираат како лекови, а пред државата се декларираат како додатоци во изхрана за да се избегне регулативата која за лекови е строга, вели д-р Лазаров.
-Не може секој (најчесто човек фирма) што ќе му текне да произведува, увезува и да се богати на грб на здравствени проблеми на народот, без никаква одговорност и минимални давачки!
Сакам да знаете дека скоро никакви контроли немаат ниту подлежат на контрола на квалитет и константност на компоненти, се рекламираат со фрази "100% сигурен, клинички докажан, ефикасен и т.н." што наверојатно е само една голема лага, се до момент на здравствен проблем кога истите се изземаат од било каква одговорност бидејќи тоа не било лек туку додаток во исхрана.
Треба да постојат редовни ненајавени теренски контроли на се тоа што се продава, јасно и строго дефинирање што е додаток во исхрана а што лек и што е најбитно, сериозно да се оданочи и регулира секаква реклама на вакви производи!
Ова е една од најголемите измами на модерното време и злоупотреба на медицината! - дециден е познатиот доктор.