Непријатниот мирис од стапалата е здрав за организмот

Доктор Каран Рај, лекар од Велика Британија, кој е вработен во Националниот систем за здравствена заштита, тврди дека „смрдливите стапала“ долгорочно може да му помогнат на човековиот организам.

-Мора да разберете дека вашата кожа содржи илјадници ситни организми, а многу од нив се хранат со тоа што излегува од вашето тело, вели докторот. Постои еден вид на бактерија која се нарекува 'bacillus subtilis', која „го јаде“ органското соединение, вообичаено аминокиселината која се наоѓа во потта на стапалата. Кога оваа бактерија го уништува ова соединение се изфрла изофлавична киселина која е заслужна за непријатниот мирис на стапалата, појаснува Д-р Рај.

И колку и да звучи тоа гадно, тој мирис е добар бидејќи бактерииите му помагаат на телото со тоа што го намалуваат ризикот од појава на рани и габични инфекции на стапалата.

-Нашето тело на себе ги задржува овие бактерии бидејќи тие произведуваат хемикалии и антибиотки кои спречуваат габи на стапалата, вели докторот, а пренесува „Мирор“.