Непознато машко лице од вработена во хотел во Скопје барало податоци за гостите кои престојувале - повикано обезбедување

Непознато машко лице од вработена во хотел во Скопје барало податоци за гостите кои престојувале.

Одговорот од вработената дека такви информации од книгата за евиденцијата на гости не може да добие го налутило, по што ситуацијата во хотелот станала напната.

Тој инсистирал и се обидувал на секој начин да дознае кој преноќувал во хотелот, па рецепционерката била приморана да повика обезбедување. Инцидентот се случил во понеделникот по полноќ, а откако веројатно мажот забележал дека вработените повикале обезбедување, си заминал.