Неповторлив настап во Скопје: Џибони се симна меѓу публиката и клекна на колена за да направи селфи

Хрватската музичка ѕвезда Џибони вчеравечер имаше неповторлив настап во Скопје. Некаде кон крајот на концертот дел од публиката се обидуваше да направи селфи со него. Кога Џибони виде од сцената што се случува долу во публиката, им рече: „Чекајте, јас ќе ви покажам како најдобро се прави селфи“, пренесува Репортер.


Се симна меѓу публиката и клекна на колена, а по него истото го направија сите кои беа во негова близина.  „Ве молам, трудните нека не клекнуваат“, се шегуваше хрватскиот музичар, па кога виде дека дел од дамите сè уште стојат на нозе, почна да  набројува „Трудна, трудна, еве уште една трудна…“.  По ова речиси сите клекнаа на колена и си правеа селфи.