Неподвижен маж, лежи на фекалии и живее во тезга на пазарот во Битола

Ме исфрлија од болница неподвижен, само толку можел да каже маж кој извесно време живее во тезга на пазарот во Битола. Пазарџиите му носат храна , но тој не може да се помести и да одржува хигиена. Бездомникот на кој не му се знае името и потеклото живее пикнат во тезга, а целиот измет е под него.

Луѓето од Македонско братство го снимаа и река дека до него тешко може да се доближи некој бидејки многу непријатно мириса а најверојатно има и црви но и болести. Апелот е до институциите овој човек да биде спасен и иако бездомник да добие достоинствен живот.