Неподнослив чад и страшна миризба доцна синоќа во Скопје - Што и каде гореше не се знае

Мирис на запалена пластика интензивно се ширеше вчеравечер со часови во повеќе делови од главниот град. Жителите алармираа за проблемот, но официјални информации за ова аерозагадување нема. Граѓаните претпоставуваат дека повторно се запалила некоја депонија. 

Повеќето скопјани загрижени за чадот и непријатниот мирис се обидуваа да дознаат повеќе на социјалните мрежи!