Испробајте посен непечен чоколаден колач кој едноставно и лесно се подготвува, а многу е вкусен.

СОСТОЈКИ:

250 гр посни бисквити

200 гр посно чоколадо

150 гр посен маргарин

100 мл сок

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Бисквитите издробете ги, маргаринот растопете го и додајте 100 гр чоколадо, па и тоа растопете го и прелијте преку бисквитите.

Ставете сок од околу 100 мл и сè измешајте и излејте во помал плех. Добро притиснете и ставете во фрижидер околу 2 часа.

Направете глазура од чоколадо и прелијте го колачот и повторно оставете глазурата да стегне.