
Две лица од Холанција неовластено снимале со дрон во близина на касарната Илинден во Скопје. Полицијата ги уапси.
- На 05.04.2026 во 23:05 часот во Скопје, поточно во близина на касарна Илинден, од страната на Аквадуктот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.Д.Б.(50) и Ј.Л.(63), двајцата од Холандија, по претходна пријава дека неовластено извршиле снимање со дрон, кој им бил одземен заедно со други предмети, соопштија од МВР во денешниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.