Неосновано употребил физичка сила - кривична пријава за полициски службеник

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полициски службеник од ПС за ОН Струмица.
 
 
Пријавата се должи на постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по чл.143 од Кривичен законик.
 
Од МВР со кусо соопштение за случајот: 
 
-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Х.Г. од ПС за ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по чл.143 од КЗ. Имено, Х.Г. врз Н.Б., кој во моментот бил лишен од слобода и задржан во ПС за ОН Струмица, неосновано употребил физичка сила - се вели во соопштението. 
 
Против полицискиот службеник е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.