
Неофицијално, во големата полициска акција што се спроведуваше во текот на вчерашниот ден на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување, уапсени биле повеќе од 10 лица.
Според неофицијалните информации, меѓу приведените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат доктор.
Сите овие информации засега остануваат непотврдени.
Се очекува официјално соопштение од надлежните институции во текот на денот.