Познатиот скопјанец Љупчо Палевски е осомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес.
Палевски е поранешен градежен могул, кој е поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, сопственик на неделникот Старт, автор на подкастот Тешки Муабети на Инфомакс и основач на партијата Десна.
Вечер.мк ексклузивно дознава дека во моментов екипи на МВР и обвинителство вршат претреси во повеќе партиски простории на партијата на лицето на човекот кој скопјани го знаат по прекарот Палчо, односно движењето “Трета“, односно партијата “Десна“.
Тој во моментов е во бегство надвор од земјата, а како што дознаваме лица од неговата партија се дел од уапсените за двете убиства. Неофицијално, четвртиот осомничен е од потесното семејство на Вања.
Според досегашните сознанија, Панче Жежовски од осомничените е убиен поради некакви нерасчистени односи околу копање злато, а во однос на Вања Ѓорческа работите остануваат нерасчистени.