Неофицијално, 6 загинати и над 30 повредени во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово

Шест патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации од екипите на терен, кои ги извлекуваа настраданите. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени, пренесува СДК.

Кон местото на несреќата се пуштени се сите амбулантни возила со кои располагаат државните здравствени установи, а помош понудија и приватните болници. Интервениранираше и Противпожарната бригада со 4 возила и 12 пожарникари.

Патнички автобус со 50-тина патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане.

cheap nike air max 90