Состојки:
- 1 и половина кг компири
- половина литар павлака за готвење
- 2 дл млеко
- 1 дл масло
- 1 вреќичка супа од печурки
- малку бибер, вегета и магдонос
- сирење по желба
Подготовка:
Излупете ги компирите и исецкајте ги на кругови. Зачинете ги со бибер и вегета и измешајте.
Правот од супата со печурки измешајте го со павлаката, па додадете млеко и масло, потоа ситно исецкан магдонос и измешајте.
Компирите ставете ги во тепсија и прелијте ги со подготвената павлака со состојките.
Печете во веќе загреана рерна на 200 степени од 35-40 минути.
На кратко извадете надвор и наросете одозгора рендано сирење, онолку колку што сакате. Вратете во рерна да отстоу уште 10 минути, доека да се стопи сирењето.