Неодговорноста на Заев и неговата лажна нормалност ја претвораат Македонија во балканска Ломбардија

Новата лажна нормалност на Заев носи нови црни биланси. Во едно деноноќие имаме 35 нови заболени од корона вирус и за жал 5 нови починати. Додека здравствените власти, Филипче, Комисијата за заразни болести и СДСМ се интересираа само како брзо да организираат избори, граѓани во Македонија се разболуваат и умираат. Додека тие работеа по диктат на Заев како да го спасат од убедлив пораз, бројката на заразени и починати уште повеќе се зголемува. За последните 4 дена имаме 150 нови заболени и 15 починати. 

Целиот регион има исклучителен успех во справувањето со епидемијата, а Македонија се претвора во балканска Ломбардија. Имаме вкупно 2164 заразени и 131 починати. Со овие бројки Македонија е рекордер по смртност и по заразени во регионот на еден милион жители.

И покрај ваквите црни биланси Заев и СДСМ се уште се однесуваат неодговорно и ноншалантно и се уште прв приоритет им се изборите, мислејќи дека така ќе има мала излезност и нивниот пораз нема да биде катастрофален.

ВМРО-ДПМНЕ е различен од СДСМ. Ние бараме прво одговорен пристап кон сериозноста на состојбата со корона кризата, а потоа ќе следи соочување на избори на кои Заев неминовно ќе изгуби.

Народот ќе го казни Заев за овие три години во кои видовме целосна неспособност, криминалитет, корупција и хибриден режим на власта и од тоа Заев нема да избега.